Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Предградието на Дамаск беше погодено од израелски воздушни напади

 Неколку израелски воздушни напади ја погодија периферијата на Дамаск рано утринава и предизвикаа материјална штета, објавија сириските државни медиуми.

Нападите, според неименуван сириски воен функционер, биле извршени од правец на делот од Голанската висорамнина окупиран од Израел.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, која ја следи граѓанската војна во Сирија и со седиште во Велика Британија, извести дека во нападите била погодена артилериска единица во која се бореле и членови на либанската екстремистичка организација Хезболах.

Опсерваторијата наведе дека Израел извршил 76 напади на сириска територија во изминатата година.

Израелската војска вчера соопшти дека потврдила оти пет ракети истрелани од Сирија паднале во ненаселена област. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира