Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Предупредување за силен дожд и поплави за време на церемонијата за отворање на ЛОИ

Фото: X/@Rob_Maul
Фото: X/@Rob_Maul

Церемонијата за отворањето на Летните олимписки игри во Париз треба да започне во 19:30 часот. Оваа церемонија треба да биде првата која ќе се одржи надвор од стадион, а во текот на денот се појавија низа на пречки за организаторите.

Утрово имаше координиран напад за да се саботираат возовите низ Франција, со што беа нарушени возните редови и плановите за патување на околу 800 илјади луѓе, а сега беше објавено предупредување за силни врнежи и поплави за француската престолнина.

Како што објави Телеграф, се очекува во два или три часа во Париз да заврне дожд колку што обично паѓа во десет дена, додека некои предвидувачи велат дека количината на дожд ќе биде и поголема.

Според прогнозата, дождот во Париз треба да почне да паѓа околу 19:00 часот и невремето се очекува да трае три часа.

Сепак, шоуто не се откажува и церемонијата за отворање на Олимписките игри ќе започне според планираното.

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен