Вчера наутро во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата на улицата Филип Втори Македонски и Кеј 13-ти Ноември, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б., удрило во пешакот Д.Д. од Кавадарци и потоа го напуштило местото на несреќата.
Во несреќата Д.Д. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле потврдени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. СВР Скопје извршило увид на местото на настанот.
Исто така, попладнето во СВР Битола било пријавено дека на улица Генерал Васко Карангелевски, возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.М. од Битола, удрило во 70-годишниот пешак И.Ж.
„Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, потврдени во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола,“ соопшти МВР.