Принц Вилијам: Сакам да видам крај на борбите во Појасот Газа што е можно поскоро

Британскиот принц Вилијам денеска изјави дека сака да види „што е можно поскоро крај на борбите во Појасот Газа“. Тој зборуваше за „високата човечка цена на конфликтот на Блискиот Исток, откако Хамас изврши терористички напад“, објави Би-Би-Си.

Вилијам рече дека има „итна потреба од зголемена хуманитарна помош за Газа“, како и ослободување на заложниците.

Тој најави дека ќе учествува на низа состаноци и посети за „запознавање со човечките страдања“ во конфликтите во Газа, Израел и Блискиот Исток.

Принцот Вилијам ќе се сретне со млади „борци против омразата и антисемитизмот“ од различни средини во сè уште неименувана синагога, како и со оние кои обезбедуваат хуманитарна поддршка на Блискиот Исток.

За време на посетите, тој ќе ја истакне својата загриженост за порастот на антисемитизмот.

Како што јавуваат странските агенции, посетите на принцот ќе претставуваат симболична почит на жртвите од конфликтите на Блискиот Исток. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира