За 22 месеци нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 523,2 МW произведуваат електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните податоци за издадени лиценци за периодот од јануари 2022 година – 31 октомври 2023 година, на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
![РКЕ](https://mia.mk/articles/images/%D1%80%D0%BA%D0%B5%D0%B7%D0%B0140%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%B5%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BEZQe6Y/9gXEu5wXt/large.webp?use_watermark=0)
-За десет месеци имаме нови инвестиции во енергетика што произведуваат електрична енергија од Сонце за кои се издадени лиценци со вкупна инсталирана моќност од 371 MW, што е за 140 проценти повеќе од цела 2022 година – кога вкупниот инсталиран капацитет достигна до 152,2 MW. Интензитетот на реализација на енергетските капацитети е зголемен и евидентен ако се направи паралела со пред пет години кога имаме издадено лиценци за скоро 6 MW, вели во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Според РКЕ, со електричната енергија произведена од обновливи извори од новите централи, што се изградени за помалку од две години може да снабдуваат над 166 илјади домаќинства.