Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промоција на публикација и панел-дискусија „Медиумите и човековите права“

Во организација на Институтот за медиуми и аналитика – ИМА Скопје денеска ќе биде промовирана седмата публикација „Медиумите и човековите права (анализи)“.

Како што информираат од ИМА, дел од настанот е и панел-дискусија, на која ќе учествуваат Насер Зибери, народен правобранител на Република Северна Македонија, Славица Анастасовска од Хелсиншки комитет за човекови права, Вики Младенова, докторантка на меѓународни студии на Универзитетот за ориенталистика во Неапол, Сефер Тахири, универзитетски професор од областа на новинарството и јавните комуникации и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Модератор на настанот е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите и авторите на публикацијата, предвидена е и дискусија/сесија со прашања и одговори со учесниците и присутните на настанот.

Настанот е дел од активностите на ИМА поддржани од Европскиот фонд за демократија од Брисел (ЕЕД), чија цел е унапредување на критичкиот дијалог, третманот на човековите права во медиумите, борбата против медиумската дискриминација, дезинформациите и говорот на омраза.

Треба да знаете
Moже да ве интересира