Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промоција на романот „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски во Софија

В четврток, на 4 јули, во 18:30 часот во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија (Ул. „Обориште“ бр. 7) ќе се одржи промоција на романот „Последното име на иднината“ (Антолог, 2018) од македонскиот писател Живко Грозданоски.

За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот, кој ќе биде присутен на промоцијата. Во врска со објавата на книгата исто така ќе се обрати и книжевниот критичар и издавач на делото Пламен Тотев (Books4All).

По „Куфер за тројца“ (Или-или, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во 2017 година, „Последното име на иднината“ е втор роман на Живко Грозданоски преведен на бугарски јазик.

Зачлени се на нашиот е-билтен