Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во вторникот изјави дека најмалку 164 лица загинале, а речиси 1.000 се повредени откако силните земјотреси ја погодија земјата.
Родригез додаде дека почетен фонд од 200 милиони долари ќе биде создаден со средства од Меѓународниот монетарен фонд за обнова на инфраструктурата, болниците и домувањето.
Венецуелската фондација за сеизмолошки истражувања (Funvisis) објави дека во земјата се регистрирани 10 последователни потреси во раните утрински часови, особено во државите Ла Гваира и Миранда.
Најсилниот од последователните потреси бил со јачина од 4,5 степени, а најслабиот 2,4, објави венецуелскиот портал „Национал“ .
Од 10-те последователни потреси, шест се регистрирани во Ла Гваира, која веќе беше најпогодена од разорните земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала и која е прогласена за „зона на катастрофа“, а официјалните лица изјавија дека 15 згради во областа се урнале.
Најавена силна меѓународна помош
Бројни држави од Латинска Америка, но и од целиот свет најавија финансиска, кадрова и логистичка помош за Венецуела.
Меѓу нив се и САД, Германија, Шпанија, Италија, Аргентина, Кина, Бразил, а свои тимови спасувачи ќе испрати и Организацијата на Обединетите нации
