Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија се одобрени во рамките на новиот фонд за реформи и раст од 6 милијарди евра, тукушто е објавено на платфрормата Х на Унгарското претседавање со Европскиот Совет.
Ова го отвора патот за предфинансирање да започне за време на унгарското претседателство. Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на #HU24EU, пишува во објавата.
The Reform Agendas of Albania, Kosovo, Montenegro, North Macedonia & Serbia have been approved under the new €6 billion Reform & Growth Facility. This paves the way for pre-financing to begin during the Hungarian Presidency. Supporting the Western Balkans' integration remains a… pic.twitter.com/fAcUZAnn0Q
— Hungarian Presidency of the Council of the EU 2024 (@HU24EU) October 11, 2024
Како што е веќе објавено, претседателката на Европската комисија за две недели треба да допатува во регионот за да ги испорача ветувањата за парите предвидени со Планот за раст.
Во однос на Северна Македонија фон дер Лајен ќе ги испорача и условите и очекувањата на ЕУ за сериозни и суштински реформи од новата Влада за кои до сега нема никаква трага, како и брзо изгласување и спроведување на уставните измени така како што е наведено во усвоената преговарачка рамка прифатена од сите држави членки на ЕУ.
Инаку, Реформската агенда за Планот за раст Советот на ЕУ, како последна инстанца, на 7 мај ја одобри Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, по што беше објавена во Службениот весник на Унијата.
Медиумскита записи сведочат дека на 18 април, Секретаријатот за европски прашања и Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) која беше консултант во процесот, одржаа брифинг за новинарите на кој информираа за завршениот процес на подготовка на Реформската агенда на Северна Македонија како услов за активирање наинструментот на Планот за раст, што за целиот Западен Балкан изнесува 6 милијарди евра, ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027.
На брифингот беше соопштено дека два дена претходно, односно на 16 април, Владата на ја усвоила Нацрт реформската агенда 2024-2027 во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан. Ажурираната Нацрт реформска агенда била споделена со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна.
Од СЕП и од УНОПС беше речено дека усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе продолжи и во наредниот период и дека финалната верзија на Реформската агенда ќе биде усвоена најдоцна до средината на мај 2024. По утврдувањето на финалната верзија на Реформската агенда и усвојувањето од ЕК ќе се отвори можноста за потпишување на договорите за инструментот за реформи и раст и за заем и со тоа поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата за нашата држава, од вкупно 850 милиони евра.
Сето ова појаснување беше неопходно да се истакне дека не е точно тврдењето на Мицкоски дека „за две недели, министерството за европски прашања, заедно со МНР, заедно со Сања Божиновска, Александар Николоски, Гордана Димитриевска Кочовска, Стефан Андоновски итн, го завршија нашето досие, коешто претходната влада, претходната година не го направила“.