Санчез: Создавањето палестинска држава е најдобриот начин за воспоставување мир на Блискиот Исток

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска изјави дека создавањето палестинска држава е најдобриот начин за воспоставување мир и безбедност на Блискиот Исток.

„Шпанија ја споделува болката на Израел поради страшните настани од 7 октомври. Израел има право да се брани, но мора да го почитува меѓународното право. Одговорот на Израел не може да вклучува смрт на невини, вклучително и илјадници деца“, рече Санчез за време на посетата на Израел, пренесува „Ел Паис“.

Тој истакна дека мора да запре хуманитарната катастрофа и страдањето на Палестинците. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира