Фудбалерите на тетовска Шкендија, вечерва ќе го играат првиот меч од второто квалификациско коло на Конференциската лига, против Браво од Љубљана, Словенија.
Тетовци лесно ја минаа првата пречка во ова натпреварување, гибралтарски состав на Европа. Сега, ќе имаат далеку посериозен противник во словенечкиот тим.
Тоа му е јасно и на тренерот Артим Положани кој потенцираше дека секоја наредна рунда носи зголемени предизвици.
„Мора да бидеме 100% подготвени од првата до последната минута за првиот меч што нè очекува овде во Словенија. Неопходно е да имаме добро издание, со оглед на тоа што се работи за силни натпревари.
Браво е квалитетен тим, ги анализиравме и ќе се обидеме да одговориме соодветно.
Мислам дека од првиот до последниот мора да го дадеме максимумот, со надеж дека ќе стигнеме до позитивен резултат”, изјави тренерот на Шкендија, Артим Положани.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Стожице“ во Љубљана, со почеток од 20.45 часот, а правдата ќе ја дели судиска екипа од Финска, предводена арбитар Јони Хитиа.
