Актерот и поранешен гувернер, Арнолд Шварценегер изјави дека на претседателските избори ќе ја поддржи кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, иако истакна дека во моментов не ги сака ни двете партии.
77-годишниот актер беше гувернер на Калифорнија избран од редовите на Републиканската партија од 2003 до 2011 година. Сепак, тој вели дека кандидатот на неговата партија, поранешниот претседател Доналд Трамп, ќе продолжи со поделбите, навредите и наоѓањето нови начини да биде понеамериканец од тоа што бил досега.
Шварценегер вели дека ќе гласа за Харис и Тим Валц бидејќи сака САД да продолжат напред како држава и покрај тоа што за многу работи не се согласува со нивната платформа.
„Моето време како гувернер ме научи да сакам политики, а да игнорирам политика. Да бидам искрен, не сакам ниту една партија во моментов. Моите републиканци ја заборавија убавината на слободниот пазар, го зголемија буџетскиот дефицит и не ги прифаќаа изборните резултати. Демократите не се ништо подобро во борбата со дефицитот и загрижен сум дека нивните покални политики придонесуваат кон зголемен криминал во градовите“ рече Шварценегер.
Тој вели дека сепак не може да остане нем и дека неприфаќањето на резултатите од американски избори се најнеамериканското нешто.
„Секогаш ќе биде Американец пред републиканец, затоа оваа недела ќе гласам за Камала Харис и Тим Волц“ рече Шварценегер.