Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сикорски апелираше до американскиот Конгрес да усвои пакет помош за Украина

 Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска апелираше до Конгресот на САД да го усвои пакетот помош за Украина.

„Би сакал ова да го третирате како наш заеднички апел до Претставничкиот дом на САД и до претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон самиот да го стави пакетот помош на гласање во Претставничкиот дом“, рече Сикорски за време на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Тој додаде дека тоа е клучна одлука која ќе влијае на кредибилитетот на Америка низ целиот свет.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и највисоките американски функционери бараат од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон да се гласа за нацрт-законот за финансирање за кој Белата куќа верува дека е клучен за војната на Украина против Русија. Полска и Британија се меѓу земјите кои даваат најголема поддршка на Украина во војната со Русија.

Зачлени се на нашиот е-билтен