Со знамиња во боите на виножитото, транспаренти и пораки за еднаквост, во Скопје започна годинашната Парада на гордоста, која се одржува под мотото „Сите нека знаат“.
Учесниците се собраа пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, од каде протестната поворка продолжи низ неколку улици во центарот на градот.

Организаторите порачаа дека Парадата на гордоста и годинава го задржува форматот на протестен марш, преку кој ЛГБТИ+ заедницата бара поголема видливост, заштита и еднаквост.
Според нив, мотото „Сите нека знаат“ ја нагласува потребата припадниците на заедницата да не бидат туркани во приватност и замолчување, туку да бидат видливи во јавниот простор.

Пред почетокот на маршот беа изнесени политичките заложби и барања на организацискиот одбор, а пред присутните се обратија активисти и поддржувачи на Скопската парада на гордоста.
Меѓу присутните беа и заменик-амбасадорот на Европската Унија, Бен Нупнау, германската амбасадорка Петра Дрекслер и шведскиот амбасадор Ола Солстром
