Словачкиот премиер Роберт Фицо бил застрелан по состанокот на владата во Хандлова, објави словачката државна новинска агенција ТАСР, цитирајќи го заменик-претседателот на словачкиот парламент Џубош Блаха.
Состојбата на Фицо не беше веднаш позната.
Според првите информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде се поздравувал со луѓето и во тој момент се слушнале истрели. Неговото обезбедување веднаш го пренело во болница.