Собранискиот спикер Митрески се обрати на Врховната рада на Украина

На покана од претседателот на Врховната рада на Украина Руслан Стефанчук, по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија на Украина, Јован Митрески, претседател на македонското Собрание, денеска се обрати на специјалната седница на Врховната рада на Украина.

-Во моето обраќање, пред украинските пратеници и високите гости, ја потврдив цврстата, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност за Украина, украинскиот народ и украинските институции и нагласив дека граѓаните на Република Северна Македонија се, и остануваат со граѓаните на Украина за сета помош и поддршка што е неопходна.

Демократскиот свет е обединет во поддршката на Украина во борбата за правда, одбрана на нејзината територија и одбрана од империјалните апетити на нејзиниот сосед.
Руската агресија врз Украина е предупредување за сите дека мирот, независноста и слободата не треба да се земаат здраво за готово.

Цврсто верувам дека, како и досега низ историјата, демократските вредности ќе ја победат агресијата, а соработката ќе се насочи кон разговори за подобар животен стандард, просперитет и развој, културна соработка и размена, објави Митрески на неговиот ФБ профил.

Треба да знаете
Moже да ве интересира