Сорос: Ковачевски ја има една од најтешките работи од сите премиери во Европа, добро беше да се види во добро расположение

Првиот човек на фондацијата Отворено општество на објавата на социјалните мрежи по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски напиша дека тој како премиер ја има една од најкотрпните во Европа.

Во објавата на социјалните мрежи Александар Сорос напиша дека е добро да се види Ковачевски расположен и насмеан.

„Добро беше да се види Димитар Ковачевски со добро расположение и насмеан, иако ја има една од најтешките работи од сите премиери во Европа“ напиша Александар Сорос.

Ковачевски во Париз имаше и работна вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, каде што се споделила определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот.

Шестото издание на Парискиот мировен форум, насловено „Потрага по заеднички јазик во свет на ривалство“, беше посветено на најголемите предизвици на денешницата и потрагата по ефективни одговори на најитните предизвици во светот, како што се војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас на Блискиот Исток.

Треба да знаете
Moже да ве интересира