Министерството за надворешни работи на Србија бара итна истрага за смртта на српскиот припадник на мисијата на ОН во Либан

REUTERS/Stringer/Ilustracija / Stringer

Министерството за надворешни работи на Србија упати повик за итна и темелна истрага околу околностите на смртта на српскиот припадник на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, кој загина по пад на проектил врз база на УНФИЛ.

Според информациите, српскиот војник бил дел од контингентот на мировните сили во јужен Либан, каде што во последните денови се бележат засилени судири и артилериски напади. Инцидентот се случил кога проектил погодил објект на мисијата, при што неколку мировници биле повредени, а српскиот припадник им подлегнал на повредите.

Од српското МНР нагласуваат дека е неопходно целосно расветлување на случајот, со цел да се утврди одговорноста и да се спречат слични трагедии во иднина. Министерството очекува поддршка од Обединетите нации и надлежните меѓународни институции во истрагата.

Инцидентот предизвика реакции во јавноста и во политичките кругови во Србија, како и во меѓународните институции, имајќи предвид дека станува збор за припадник на мировна мисија под мандат на ОН.

Се очекуваат дополнителни информации од официјалните истраги што веќе се најавени од страна на меѓународните структури.

Најчитано