Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стано: Речиси 740 милиони евра од помошта за Либан наменети за поддршка на сириските бегалци 

 Помошта од една милијарда евра од ЕУ за Либан за периодот од 2024 до 2027 година што денеска ја најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Бејрут се состои од грантови наменети за поддршка на сириските бегалци и за зајакнување на безбедноста на земјата, изјави портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. 

– Од вкупната сума, 736 милиони евра ќе бидат наменети за справување со последиците од сириската бегалска криза и за сите потреби со кои се соочува Либан како разултат на сириската криза, а преостанатите 264 милиони евра се во рамки на билатералната соработка, првенствено за поддршка на безбедносниот сектор и либанската армија, истакна Стано.   

Фон дер Лајен денеска во Бејрут најави дека ЕУ ќе додели пакет помош за Либан од една милијарда евра за зајакнување на социо-економската отпорност на земјата и нејзината севкупна безбедност и стабилност, со што се докажува континуираната поддршка на Унијата за земјата и либанскиот народ.   

Целта на пакетот економска помош е да се поддржи Либан во зајакнување на образованието, социјалната заштита и здравството, за спроведување на итните економски, финансиски и банкарски реформи, како и за поддршка на либанските вооружени и безбедносни сили со опрема и обука за контрола на границите и за борба против трговијата со луѓе и шверцот. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира