Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Статистиката на ЕВРО 2024: Хари Кејн со најголем притисок врз одбраната на противничките тимови

Иако според коментаторите и публиката Хари Кејн од фудбалската репрезентација на Англија на ЕВРО 2024 не ги оправдува очекувањата во однос на головите и асистенциите, статистиката издигната на компјутерски прецизна анализа на податоци покажува нешто друго.

Статистиката на „Опта“, покажува колку „валкана работа“ извршува. Излегува дека Кејн е фудбалерот на ова првенство кој најчесто ги притискал противничките фудбалери – дури 503 пати на пет меча досега.

326 негови акции се во противничката половина, 256 се во средната третина од теренот, а 187 се од последната третина, која го опфаќа противничкиот шеснаесетник и просторот пред него. Тоа е јасен доказ дека напаѓачот на Баерн ги става играчите на противникот под притисок штом ја внесат топката во игра од аут, а потоа ја носат напред по теренот.

Зачлени се на нашиот е-билтен