Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Струмица и Прилеп се одржуваат карневалите „Прочка 2024“

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде отворена традиционалната изложба на маски што ги изработија основните и средните училишта во градот. Со изложбата почнуваат и свеченостите за годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“. Организатори на Карневалот се прилепската локална самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“. На изложбата ќе бидат прогласени и наградени најдобрите поединечни и групно изработени маски.

Карневалските свечености продолжуваат и утре, сабота.

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, пред влезот во општинската зграда, во Струмица вчера започнаа осумдневните карневалски празнувања. Градоначалникот на Струмица,  Костадин Костадинов му го предаде клучот на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, со што беше означен почетокот на годинашното карневалско издание.

Според Костадинов, вообичаено мандатот на сите градоначалници во државата трае цели четири години, но неговиот трае 32 денови помалку.

-Не можам, а да не го споделам задоволството во ова предвечерие кога завршува мојот градоначалнички мандат и го предавам во вистинските раце, во рацете на карневалистите со желба да ми ја чувате Струмица и да видам што е можно повеќе насмеани лица, повеќе креативни маски и упатувам повик да се смееме, да се радуваме и да ја славиме оваа наша огромна традиција, која датира од 17 век, рече Костадинов.

Претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, истакна дека е голема одговорност да се „преземе“ власта.

Карневалските празнувања продолжија со концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, со соопштување на резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“ и изложба „30 години во FECC (Федерација на европските карневалски градови)“ во Градската уметничка галерија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира