Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трајна изложба на документи и фотографии за „Македониумот“ во Крушево

Во „Македониумот“ во Крушево е отворена изложба од преку 100 фотографии и документи за изградбата и растежот на еден од најголемите споменици за 2 Август, денот на Илинденското востание.

Според приредувачот на изложбата, Борис Маркоски од Историски музеј- Крушево, изложбата е сведоштво на создавањето на „Македониумот“, фазите на изградбата, растежот и неговото значење.

-Низ годините, постојано ме поттикнуваа прашањата како е создаден „Македониумот“, најистакнатиот дел од споменичниот комплекс „Илинден“ на Гумење во Крушево. Истражував, дојдов до податоци и бев фасциниран од изградбата на овој Монумент. Сакам на бројните посетители да им ја раскажеме приказната за изградбата, растежот на овој монументален споменик, симбол на Крушевската Република. Остана прашањето како сето ова е направено и сета симболика што ја носи со себе, вели Борис Маркоски од Историски музеј – Крушево.

Изложбата на документи и фотографии на осум паноа во „Македониумот“ во Крушево е трајна и може, едукативно, да с епретстави во сите градови во земјава.

Во центарот на споменикот „Македониум“ е и гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република. (МИА)

Треба да знаете
Moже да ве интересира