Во „Студио 10“ на ТВ24 – Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска го истакна антикризниот пакет мерки кој ги вклучува сите граѓани со цел да се овозможни подбар животен стандард на сите граѓани.
„8,1 милиони евра се обезбедени за земјоделците и тоа не е пред изборно ветување туку една реалност која опфаќа 46 илјади земјоделци од државата. Обезбедени се 36 милиони евра за различи групи на пензионери и тоа значи дека тие што земаат најниски пезнии ќе добиваат по 3000 денари секој месец, тие со пензии од 14,000 до 16,000 илјади денари ќе добиваат по 2,000 денари месечно додека пак тие со пензии од 16,000 до 19,000 илјади денари ќе добиваат по 1 500 денари месечно. Останува во март 2024 има новото, редовно усогласување на пензиите и тие ќе пораснат дополнително“, истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Тречевска рече дека ВРМО само пласира лажни ветувања на граѓаните, не е реално да има зголемување на пензиите за 5,000 денари – тоа ќе предизвика криза во нашиот стабилен пензиски систем.
„Нивните лаги се исти како и претходно, само празно ветување и немањето можност за реализација. Системското решение на СДСМ обезбедува постојано зголемување на пензиите и платите кое води кон долгорочен успех и подобар животен стандард за граѓаните“, посочи Тренчевска.