Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Три дена мир и музика што го променија светот на поп културата – 55 години Вудсток

На 15 август 1969 година започна легендарниот фестивал Вудсток на фармата на Макс Јасгур во Бетел, Њујорк. Во трите денови се претпоставува дека 400 илјади фанови присуствувале во живо да ги гледаат Кросби, Стилс, Неш и Јанг, Џими Хендрикс, Сантана, Грејтфул Дед, Џо Кокер, Џенис Џоплин, Џеферсон Ерплејн и уште многу други изведувачи.

Трите дена за мир и музика понудиле одмор на генерацијата на контракултурата, среде Виетнамската војна и турбуленциите во американското општество. Вудсток стана еден од главните моменти и пресвртница во историјата на поп културата.

Организаторите Мајкл Ланг, Џон Робертс, Џол Росенман и Арти Корнфелд не биле ни свесни дека нивниот фестивал ќе стане вистински културен феномен на векот, со долгосежни ефекти кои се чувствуваат и до денес.

Во изминатите 55 години се снимија голем број на филмови, песни, се пишуваа книги и организираа фестивали кои се обидуваат да го доловат духот на Вудсток, но најчесто не успеваат во тоа.

„Фестивалот се случи во момент кога на младите во Америка им беше потребен издувен вентил. Тоа беше настан кој се случува еднаш во животот. Се обидуваат да го повторат, но не може да го произведат вештачки. Тогаш се се случи спонатно. Локацијата беше совршена, изведувачите одлично и беше премногу мирно за настан со толку многу посетители“ вели Џорџ Веремчук, саксофонист и професор по музика.

Фото: woodstock.org

Тоа што е интересно е што фестивалот беше наречен Вудсток, иако не се одржал во Вудсток, туку во Бетел, на околу 100 километри подалеку. Своевремено Вудсток бил најголемиот музички фестивал на отворено, а и до ден денес останува еден од најпосетените фестивали.

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен