Фудбалерите на Тунис синоќа го одиграа првиот меч на Мундијалот и претрпеа тежок пораз од селекцијата на Шведска со 5:1.
Тоа, предизвика итна реакција од фудбалската федерација и по само неколку денови од стартот, веќе ја имаме првата селектроска смена на Мундијалот.
Според информациите од туниските медиуми, челниците на федерацијата одржале итен состанок веднаш по натпреварот и експресно одлучиле да ја прекинат соработката со 54-годишниот стратег.
До крајот на настапот на Мундијалот селекцијата на Тунис привремено ќе ја предводи досегашниот помошник Вахби Казри, додека како главен кандидат за трајно преземање на репрезентацијата по завршувањето на турнирот се споменува Мондер Кебаир.
Ламуши беше назначен за селектор во јануари оваа година, но неговиот мандат траеше кратко. Под негово водство Тунис одигра пет натпревари и забележа само една победа, едно реми и три порази.
Тунижаните ги очекуваат уште дуелите против Јапонија и Холандија во групната фаза, но по тешкиот пораз на стартот шансите за пласман во следната рунда се сведени на минимум.
Интересно е што Ламуши не е првиот селектор кој добил отказ среде Светско првенство. Низ историјата имало неколку вакви случаи. Нигерија го отпушти Филип Трусие за време на Мундијалот во Франција во 1998 година, додека Саудиска Арабија се раздели со Насер Ал-Џохар по катастрофалниот пораз од Германија со 8-0 на Светското првенство во 2002 година.
