Уште еден работник е донесен во Урентниот центар во Скопје

Еден градежен работник загина, а четворица се повредени во тешка несреќа на градилиште во скопската општина Кисела Вода, откако при ископ дошло до лизгање на насип од земја и затрупување на работници. Првичните информации од Министерството за внатрешни работи зборуваа за тројца затрупани работници, од кои двајца биле извлечени, а спасувањето на третиот било во тек. Подоцна бил потврден и смртниот исход, а во Ургентниот центар бил донесен уште еден повреден работник, со што бројот на повредени се искачи на четири.

Од МВР соопштија дека несреќата се случила утрово при ископ на темели за нова зграда во Кисела Вода и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во првата фаза од спасувачката акција, тројцата затрупани биле извлечени и пренесени во болница, но подоцна бил констатиран смртен исход кај еден од работниците.

Од Министерството за здравство информираа дека во Ургентниот центар биле транспортирани тројца повредени работници. Двајца од нив биле со полесни телесни повреди и контузии, додека третиот бил со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Подоцна, според изјава на директорот на ТОАРИЛУЦ Игор Мерџаноски, во Ургентниот центар бил донесен уште еден повреден работник, кој се здобил со лесна повреда.

Зачлени се на нашиот е-билтен