Ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска утврдуваат дали животното заловено синоќа во скопската населба Козле е навистина волк како што претходно се претпоставуваше.
Синоќа скопската јавност беше вознемирена откако се објави информацијата дека волк кој бил чуван како домашен миленик се шетал низ Козле.
Екипи на ЗОО Скопје го успале животното и го пренеле во Зоолошката градина, а за случајот информираше и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој дури и побара кривична одговорност од лицето кое чувало волк како домашен миленик.
Сепак, попладнево дел од медиумите јавија дека станува збор за куче кое имало чип и сопственик а АХВ воопшто не била повикана на терен при синоќешното заловување.