Владата на Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација

WIKIMEDIA COMMONS

Владата на Косово усвои предлог за одлука со која Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран се прогласува за терористичка организација.

Одлуката за прогласување на Исламската револуционерна гарда на Иран за терористичка организација беше разгледана на денешната седница на Владата на Косово.

Презентирајќи ја предложената одлука пред Владата, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека предлогот дава правна и стратешка основа за прогласување на организацијата за терористичка организација во Република Косово.

„Иранската револуционерна гарда е дефинирана како ентитет кој користи тероризам и организирано насилство како средство за надворешна политика и придонесува за регионална и глобална нестабилност. Со оваа одлука, Косово ја зајакнува својата позиција во заштитата на меѓународната безбедност, демократските вредности и човековите права“, рече Курти.

Тој нагласи дека со оваа одлука, неговата земја јасно ја покажува својата посветеност да застане покрај своите стратешки сојузници во заедничката борба против тероризмот.

Предлогот беше едногласно усвоен од членовите на Владата. Иран сè уште не ја признава државата Косово, чија независност беше прогласена во 2008 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен