Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внимание (Трн.мк): Кирил и Методиј треба да се симболи на зближување!

По повод 24 мај, екипата на „Внимание“ ги прашува граѓаните за денот на сесловенските просветители. Повеќето од граѓаните кажуваат зошто го празнуваме денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, и тоа во Рим. Исто така, сметаат и дека Кирил и Методиј треба да бидат симболи на зближување со другите земји кои го почитуваат нивното дело.

На прашањето, дали денес имаме потреба од нови, посовремени просветители, кои ќе шират дигитална и медиумска писменост – дел од граѓаните велат треба, а дел се за ширење на писменоста на традиционални начини.

На прашањето, „Имате ли профил на социјални мрежи – дали е на кирилица или на латиница?“ повеќето од анкетираните одговорија – „латиница“. „Не користам кирилица на социјалните мрежи, користам латиница, како што и сите користат латиница“, вели еден млад граѓанин.

Сепак, повеќето сметаат дека македонскиот јазик и кирилицата ќе опстанат, и дека ќе го издржат налетот на социјалните мрежи, глобализацијата и вештачката интелигенција. „Нема да исчезнат, тоа сум убедена“, вели една граѓанка. „Вештачката интелигенција, мислам дека напротив, може само да допринесе за збогатување и зачувување на македонскиот јазик и култура“, смета друга граѓанка.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Преземено од Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира