Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во предлог-законите за основно и средно образование отстранети „род“, „родов идентитет“ и „сексуална ориентација“

Во предлог-законите за основно и средно образование се отстранети заштитените основи од дискриминација „род“, „родов идентитет“ и „сексуална ориентација“. Мрежата за заштита од дискриминација и Стела изразуваат голема загриженост заради можноста за усвојување на предлог-закони за основно и средно образование кои ќе значат назадување наместо унапредување на заштитата на учениците од дискриминација и насилство во образовниот процес.

„Со предлог измените најгрубо се кршат правата на децата, како и директно се загрозува нивниот ментален и физички интегритет. Кога институциите системски ќе исклучат и избришат одредени групи ученици, тогаш тие директно даваат сигнал дека се охрабрува понатомошното исклучување и опресија во општеството на овие групи. Дополнително, ваквите постапки им даваат сигнал на агресорите, од коишто жените, девојчињата и ЛГБТИ+ учениците трпат постојано насилство, дека нивните постапки се само продолжение на тоа како институциите ги третираат овие групи, нормализирајќи го нивното насилство“, реагираат тие.

Како претставници на граѓанското општество чијашто работа и застапување се насочени кон недискриминацијата, почитувањето на човековите права и инклузија на маргинализираните заедници тие доставиле барање за средба со министерката за образование и наука, а нивните барања се: двата предлог закона да се повлечат, да се вратат во работна група која би се дополнила со стручни лица од областа на правото и човековите права за да се подготви текст кој ќе обезбеди гарантирање на сите права кои како држава сме ги гарантирале со потпишување и ратификување на меѓународните конвенции и да бидат вклучени во работната група или да бидат консултирани пред текстот да биде испратен до Влада на разгледување и усвојување, со цел да утврдат дали предлозите се усогласени со постоечките правно обврзувачки акти.

Зачлени се на нашиот е-билтен