Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Скадар убиени најмалку три лица

Тежок вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност.

-Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при што во возило со хрватски регистарски таблички било пукано повеќе пати, а потоа удрило во бетонска ограда, објави АБЦ њуз.

Меѓу починатите е Арљинд Бушати, син на поранешниот кандидат за градоначалник на Скадар, Џемал Бушати. Тој починал во болница, по пукање во центарот на Скадар во кое беше ранет.

Во средата попладне тој беше жртва на атентат во населбата Добрач во Скадар, додека во автомобил се возел со Хамза Лици, братот на Ибрахим Лици, по кого трага полицијата.

По пукањето починал и Хамза Лици, кој во болница им подлегнал на повредите.

Зачлени се на нашиот е-билтен