Во сообраќајка тешко повредено 14 годишно девојче на електричен тротинет

МВР информира дека вчера во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче” и ул.„Ѓорѓи Капчев” во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(55) од Скопје и електричен тротинет „шаоми”, управуван од 14-годишна малолетничка од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен