Враќање на лицемерието на ВМРО

Службеното возило на МТСП со кое техничкиот Велковски допатувал на партиска средба во општинската зграда на Крива Паланка
Службеното возило на МТСП со кое техничкиот Велковски допатувал на партиска средба во општинската зграда на Крива Паланка

Како што се приближуваат деновите за предизборни активности со секој поминат ден ВМРО го покажува своето вистинско лице и со тоа ни ја проектира иднината во која треба да живееме како држава доколку се врати режимот.

Рацин.мк дојде до преписката со која техничкиот министер Ѓоко Велковски со Указ до сите Центри за социјална работа им напоменува на вработените дека за време на предизборна кампања мора да се однесуваат согласно неговите дописи, иако тие препораки се веќе утврдени како законски одредби.

Но, освен што со овие негови постапки тој само врши непотребен притисок на вработените, самиот Велковски не ги почитува и со тоа само ги потврдува двојните стандарди на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека законот не е ист за сите.

Доказ за тоа е барањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка до Општина Крива Паланка со кое се бара општински објект на граѓаните да се користи за партиски средби. На истата таа партиска средба техничкиот министер Велковски е дојден со државно службено возило, со што самиот тој не го почитува сопствениот указ и тоа во неколку точки.

Треба да знаете
Moже да ве интересира