Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За 45 години работен стаж, германските пензионери добиваат 1.500 евра пензија

Левица, најмалата партија во Бундестагот, бара зголемување на сите пензии за 10 отсто бидејќи работниците за 45 години заработуваат пензија од само 1.500 евра.

Според нив вработените во Германија долго време одвојуваат дел од заработката за задолжителна пензија, а на крајот добиваат малку, јавува ДПА.

За пензија од 1.250 евра, вработен мора да работи и да плати придонес 37 години и седум месеци, соопшти Министерството за социјална заштита.

За 1.500 евра месечно, во текот на работниот век морале да платат 119.066 евра, одбивајќи од вкупната бруто-заработка од 1,25 милиони евра.

За 1.250 евра за тие 37 години и седум месеци треба да платат 107.800 од бруто 107.810, а за основната пензија од 938 евра, тоа е 88.497 евра издвоена од бруто-заработката од 921.735.

Зачлени се на нашиот е-билтен