Забрането капење на плажа во Варна: Во морето откриени опасни бактерии

На Офицерската плажа во бугарскиот град Варна е воведена привремена забрана за капење поради зголемено присуство на бактерии во морската вода.

Регионалниот здравствен инспекторат соопшти дека лабораториските анализи покажале високи концентрации на ешерихија коли и цревни ентерококи. Поради резултатите, надлежните наредиле посетителите да не влегуваат во водата.

На плажата ќе биде поставена предупредувачка табла, а регионалниот гувернер на Варна свикал состанок со здравствените власти и концесионерите за да се зајакнат контролите на чистотата и квалитетот на морската вода.

Забраната ќе остане во сила сè додека новите анализи не покажат дека водата повторно е безбедна за капење. Офицерската плажа е меѓу зоните во Варна каде што квалитетот на водата се проверува почесто поради претходно забележани неповолни резултати.

Најчитано