Заев за Груевски: „Овој забегал целосно, само најголем арамија може да пишува за толку многу милиони“

„Овој забегал целосно. Тоа милионите, како што ги пишува, може само арамија најголем така да пишува, коментира поранешниот премиер Зоран Заев, на тврдењето на поранешниот премиер и азилант во Унгарија, Никола Груевски, дека Заев започнува изградба на кула во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра.

„Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекаат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. А некои луѓе кои многу добро и јас ги познавам а и тие мене, овде коментираат нешто во што и самите не веруват ама и јас и тие добро знаеме зошто тоа го прават. Заеви вработуваат преку 1.000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политика, така било додека сум бил во политика, така е и сега. Ве гушкам камелеони офарбани со сите бои, коментираше Заев.

Како што објави вчера Груевски на својот официјален профил на социјалните мрежи, имал информации дека Заев започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен