Измените на Кривичниот законик во 353 и другите два члена 353 в и 394 намалувањето на казните се однесува на тоа да се намали бројот на судските постапките, побрзо и со поблаги казни, меѓутоа затоа големиот акцент го ставивме на член 98А проширена конфискација, потенцираше заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ во „Топ тема“ на Телма.
Таа додаде дека секој кој го погледнал тој член ќе може да види дека ќе може да се одземе имот кој не може да се докаже како е стекнат, дури и ако е впишан на најблиските членови на семејството, нешто што досега го немаше во законот.
Функционерите може да се гонат за 422 кривични дела од законот
„Застареноста ќе биде пократка и верувам дека кај судиите и обвинителите ќе се развие поголема свест дека побрзо треба да ги завршат. Кога вие имате застареноста да ви трае 10 или 20 години, предметите стојат во фиока. Кога застареноста ви е 5 години предметите ќе завршат за година дена. Никој нема 10 години да се чувствува обвинет и на крај да се ослободи, да прошета или да биде во отсуство“, рече Мадиќ.
Заменик министерката истакна со измените на законот, освен за конфискација на имот, се додаваат и други дела за заштита на животната средина, а кривично дело станува и возењето со повеќе од 1,5 промили алкохол.
Ќе може да се одземе имот кој не може да се докаже како е стекнат
„Функционерите можат да се гонат по било кое дело од Кривичниот законик од 422 кривични дела. Таму имате поткуп, измама, јавни набавки, склучување незаконски договор, преговарање, договор за јавна набавка без спроведување на јавна набавка. Не значи дека функционерот е исклучен од другите кривични дела“ рече заменик министерката за правда, Викторија Мадиќ во „Топ тема“ на Телма.
Таа додаде дека не постои скриена агенда зад измените на Кривичниот законик и дека немаат никаква задна цел.