Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Затворен белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пилотот на „Ер Монтенегро“ добил дојава за бомба

 Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ вечерва соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“.

„Дојвата за бомба се случила во моментот кога авионот бил на земја. Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не се извршат сите потребни контроли, соопштено е од компанијата „Ер Монтенегро“, пренесуваат црногорските медиуми.

Додаваат дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.

Треба да знаете
Moже да ве интересира