Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Здравствените власти забранија прашање за тоа зошто се намалени средствата за ретки болести

Злате Стојаноски
Злате Стојаноски

„Не е вистина, прекинете со прашањето, не е точно“, бил одговорот на Злате Стојаноски, претседател на Комисија за ретки болести, на прашањето на ТВ Телма зошто за лекување за пацинетите дијагностицирани со ретки болести ќе има помалку пари во 2025.

По реакциите на новинарите на ваков одговор, тие сепак не добиле одговор на прашањето.

Ова беше јасно откако Министерството за финансии одлучија да ја скратат сумата во буџетот за идната година за болните со ретки болести.

Наместо ланските 330 милиони денари, во 2025 година се предвидени 260 милиони денари или еден милион евра помалку.

Вчера имаше реакции и кратења за лекување на пациентите заболени со ХИВ вирусот.

Здруженијата, но и пратениците ќе имаат уште еднаш можност во парламентот да дискутираат пред министерката за финансии кога ќе се расправа за буџетот во Собранието.

Зачлени се на нашиот е-билтен