Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски пристигна во Берлин во тек е средба во Шолц

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Берлин каде беше пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц со кого во моментов има средба.

Се очекува Зеленски денеска да потпише билатерални безбедносни договори со Германија и Франција. Зеленски во Берлин ќе се сретне и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, по што ќе отпатува за Париз на состанок со францускиот претседател Емануел Макрон.

 Почнувам два важни дена. Средби со партнери во Германија и Франција, нови договори и Минхенска безбедносна конференција. Нова безбедносна архитектура за Украина, како и нови можности. Вложуваме максимални напори да ја завршиме војната што е можно поскоро под фер украински услови и да обезбедиме траен мир, напиша Зеленки на Х.

Како што претходно јави ДПА, се очекува Зеленски со Шолц и Макрон да потпише долгорочни билатерални безбедносни договори. Договорите се однесуваат на одлуката донесена од шефовите на држави и влади на НАТО на нивниот самит во Вилнус во јули.

Процесот го почна Велика Британија со 10-годишен договор и се очекува да следат и други членки на НАТО.

Договорот меѓу Велика Британија и Украина предвидува Лондон да ја поддржува Украина сега, а исто така и во сите идни конфликти со Русија. Договорот вклучува брза и долгорочна воена помош, но не бара распоредување на британски војници.

Зеленски утре треба да се обрати на Минхенската безбедносна конференција, каде што ќе има билатерални средби со светските лидери, вклучително и со американската потпретседателка Камала Харис.

Украинскиот претседател минатата година со видео обраќање ја отвори меѓународна безбедносна конференција.

Оваа година тој ќе присуствува лично за првпат откако Русија ја нападна Украина пред речиси две години.

Во мај минатата година, Зеленски ја посети Германија првпат од почетокот на војната. Тој, исто така, кусо ги посети американските сили стационирани во Визбаден во декември за време на патувањето низ европските земји.

Треба да знаете
Moже да ве интересира