Во тек е масовна евакуација на Флорида бидејќи се предвидува дека Милтон, ураган од 4-та категорија со максимални ветрови од 220 километри на час, ќе удри на копното во оваа држава на САД во наредните два дена.
Ураганот Милтон ги натера луѓето на аеродромот Логан да бараат летови во последен момент надвор од Флорида, за да избегаат пред силното невреме, а други жители на Флорида се обидуваат да се вратат дома за да се погрижат за семејствата.
На аеродромот Логан, Џеси Ејрес тргна дома кон Орландо откако дојде во Бостон на хуманитарен голф турнир.
„Имам жена и три деца, па морам да се вратам дома“, рече тој.
Ајрес решил да го напушти Бостон рано за да го подготви семејниот дом пред ударот на Милтон.
Аеродромите на Флорида се затвораат, па наскоро ќе биде невозможно да се добијат какви било летови до областа. Меѓународниот аеродром Тампа на Флорида ги прекинува сите операции вечерба во 9 часот по локално време, а оној во Сарасота-Брадентон најави дека ќе биде затворен во текот на утрешниот ден исто како и аеродромите во Форт Мајерс и Орландо.
Националната агенција за справување со катастрофи ФЕМА Регион 1, планира да распореди дополнителни екипажи на југоисток во текот на целата недела.
„Ќе донесеме луѓе и опрема за да и помогнеме на Флорида. Ќе донсеме храна и вода и ќе поставиме дистрибутивни точки кои им помагаат на луѓето да пристапат до тие ресурси“, Лорен Меклејн, директорка на ФЕМА Регион 1.
Флорида за две недели е по втор удар на ураган од висок степен. На 26 септември оваа сојузна држава ја погоди ураганот Хелена.