Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека за време на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта разговарал со европските лидери и меѓународни претставници за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот во Европа.
„Почетокот на Самитот на Европската политичка заедница го искористив за размена на мислења со претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерот на Чешката Република, Петер Фијал, за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европската унија“, објави Вучиќ на Инстаграм.
Тој уште допиша дека „Србија е сериозен и конструктивен партнер во решавањето на заедничките европски предизвици и воспоставувањето мир, со цел создавање подобра иднина за сите граѓани“.
Вучиќ денеска во Будимпешта разговараше и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и со премиерот на Албанија, Еди Рам.
Тој се сретна и со грузискиот премиер Иракли Кобахиџе, шведскиот премиер Улф Кристерсон, австрискиот канцелар Карл Нојхамер, како и со домаќинот на самитот, унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Од Мицкоски, досега, остана само веста дека пристигнал во Будимпешта и уште една поврзана со групната фотографија на учесниците на Самитот.