На полноќ почнува изборниот молк во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, што ќе се одржи в недела.
Граѓаните ќе избираат меѓу двајцата кандидати кои освоија најмногу гласови во првиот круг на гласање – актуелниот шеф на државата, Мило Ѓукановиќ, и младиот политичар од движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ, јавува агенцијата Анадолија.
Во првиот круг, што се одржа на 19 март, Ѓукановиќ освои 35,37 отсто од гласовите, а Милатовиќ 28,92 отсто од гласовите.
Право на глас на претседателските избори имаат 542.154 граѓани.
Најмногу гласачи има во Подгорица – 143.608, а најмалку во Шавник – 1.777.
Избирачките места в недела ќе бидат отворени од 7 до 20 часот, а граѓаните ќе можат да го дадат својот глас на вкупно 1.162 избирачки места.
Овие претседателски избори се четврти од обновувањето на независноста и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.
Досега претседатели на Црна Гора беа Момир Булатовиќ, Филип Вујановиќ и Мило Ѓукановиќ.
Претседателот се избира со мандат од пет години.