Расте бројот на стечаи во Германија: Над 17.000 компании во постапка за осум месеци

Станбена населба во Германија. Фото: PxHere

Германските судови од јануари до август годинава регистрирале 17.252 барања за стечај на компании, што е зголемување од 6,6 проценти во споредба со истиот период од 2025 година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика — Дестатис.

Само во август биле евидентирани 2.067 барања, односно 4,4 проценти повеќе на годишно ниво. Највисока стапка на несолвентност има во транспортот и складирањето, со 97,6 случаи на секои 10.000 компании. Следуваат угостителството со 80,1 и градежништвото со 71,9 случаи.

И покрај растот на бројот на постапки, побарувањата на доверителите се намалиле. За првите осум месеци тие изнесувале околу 25,9 милијарди евра, наспроти 37,2 милијарди евра во истиот период лани. Според Дестатис, причината е што во 2025 година стечај побарале повеќе економски позначајни компании.

Статистиката ги евидентира барањата по првата одлука на стечајниот суд, а не веднаш по нивното поднесување. Во многу случаи меѓу овие два момента поминуваат приближно три месеци.

Истовремено, продолжува и отворањето нови бизниси. Во првите девет месеци биле основани околу 525.100 деловни субјекти, вклучувајќи ги малите претпријатија, што е раст од 7,7 проценти, пренесе „

Барањето за стечај не подразбира автоматско затворање: дел од компаниите продолжуваат со работа додека се бара решение за реорганизација или нов инвеститор

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?