Македонија вечерва против Шкотска: Во Глазгов по прв гол и први бодови

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ѝ гостува на Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации. За избраниците на Гоце Седлоски ова е можност да ја прекинат негативната серија и да го поправат впечатокот пред завршувањето на групната фаза.

По четири натпревари, Македонија е без бодови и без постигнат гол, со десет примени погодоци. Шкотска има четири бода, а во првата меѓусебна пресметка во Скопје победи со 2:0. На врвот во групата е Швајцарија со 12 бода, пред Словенија со седум. Вечерва меѓусебно играат и овие две селекции.

Седлоски пред натпреварот порача дека тимот ги препознава грешките од претходниот дуел со Шкотите и дека очекува поголема тактичка дисциплина, самодоверба и похрабар настап. Според селекторот, фудбалерите се мотивирани да ја прекинат лошата резултатска низа.

Младиот Матеј Гаштаров, пак, нагласи дека настапите против силни противници ги доживува како можност за докажување.

„Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

По вечерашното гостување, Македонија ќе го затвори настапот во групата в понеделник, на 16 ноември, со домашниот натпревар против Словенија.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?