Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Римски храмови во опасност поради бомбардирања во Либан

Римските храмови во Балбек кои се наоѓаат во источен Либан, речиси два милениума претставуваат квалитет и убавината на римската архитектура во оваа земја.
Опасноста доаѓа од израелското бомбардирање, особено кога пред два дена, од воздушен напад беше погоден паркинг кој се наоѓа на само неколку метри од светското наследство на УНЕСКО.
Овој напад, кој ја уништи и вековна отоманска зграда, беше претсатвен како главен ризик за овие историски локалитети. Археолозите тврдат дека војната меѓу Израел и Хезболах ќе предизвика непоправни штети на вековно стари локалитети.
„Балбек е главното римско наоѓалиште во Либан. Не може да се замени ако биде бомбардирано“, изјави Греам Филип, професор по археологија на Универзитетот Дурам. „Тоа би било огромна загуба. Тоа би било злосторство“.

Од крајот на септември, Израел изврши илјадници воздушни напади врз Либан поради ескалацијата на војната против Хезболах, групата поддржана од Иран против која Израел војува повеќе од една година.

Зачлени се на нашиот е-билтен