Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Која е Сторми Даниелс, ѕвездата на порнографски филмови за која Трамп доби обвинение

Глумицата Сторми Даниелс добила 130.000 долари за да не зборува за нејзината средба со Трамп непосредно пред претседателските избори во 2016 година, а таа исплата е во фокусот на обвинението на окружниот обвинител на Менхетен кое од вчера е главна тема во светот.

Сторми Даниелс е поранешна актерка од филмови за возрасни која стана позната на пошироката јавност во САД и светот поради врската со поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Даниелс вели дека првпат се сретнала со тогаш магнатот за недвижнини, кој стана претседател на САД, во летото 2006 година за време на хуманитарен голф турнир во езерото Тахо, на границата Калифорнија-Невада. Актерката потоа накратко се појави во филм. Таа тогаш имаше 27 години, а Трамп 60.

Според сведочењето на Даниелс, Трамп ја поканил на вечера во неговиот стан каде ја пречекал облечен во пижами.

Таа тврди дека тогаш го имале она што е „можеби најмалку импресивниот секс што таа некогаш го имала“. Трамп негираше дека некогаш имале секс, обвинувајќи ја Даниелс за „изнуда“ и велејќи дека нејзините тврдења се „целосна измама“.

Она што со сигурност се знае е дека на Даниелс непосредно пред претседателските избори во 2016 година на кои Трамп се кандидираше како републикански кандидат ѝ биле исплатени 130.000 долари за да не зборува за средбата. Таа исплата е во фокусот на обвинението на окружниот обвинител на Менхетен против Трамп, во кое се наведуваат можни прекршувања на законите за финансирање на кампањата.

Откако трансакцијата беше откриена во 2018 година, Даниелс побара од судовите да го поништат нејзиниот договор со Трамп во кој се обврзала да ја држи во тајност средбата, и почна да се појавува на телевизиски емисии.

Во емисијата „60 минути“ на CBS, таа рече дека сака да даде исправка на приказната: „Јас не сум жртва“, рече таа ноншалантно. Иако Трамп не и се допаѓал, како што рече, таа вечер на езерото Тахо, нивната врска била консензуална.

Актерката беше јасна и за ветувањата што Трамп ѝ ги дал во врска со можната улога во хит серијата The Apprentice, во која глумеше во тоа време.

На прашањето дали мисли дека се обидува да ја намами, таа одговорила потврдно.

„Јас не сум слепа. Но, во исто време, можеби и ќе успее“, рече таа и додаде дека врската ја гледала како шанса за напредување во кариерата.

Стефани Клифорд е нејзиното вистинско име, иако повеќе го преферира името Сторми Даниелс, што е нејзиното уметничко име. Таа е родена во Луизијана, а по разводот ја одгледала нејзината мајка. Била запоставена од семејството, а на девет години била сексуално злоставувана од постар маж, напишала во своите мемоари од 2018. И покрај се, била добар ученик и страствен љубител на коњите.

За да заработи за живот, прво се свртела кон стриптизот, а потоа и во индустријата за филмови за возрасни, каде што станала ѕвезда актерка, режисерка и сценарист, освојувајќи неколку награди.

Поддржувачите на Трамп секојдневно ја навредуваат Даниелс на социјалните мрежи, повторувајќи ги зборовите на републиканскиот лидер кој и го дал злогласниот прекар „коњско лице“. Но, 44-годишната Даниелс му возврати на Трамп со груби прекари, како што е „мал“, алудирајќи на неговиот машки атрибут.

Даниелс, која сериозно размислуваше да се кандидира за место во американскиот Сенат во Луизијана во 2010 година, има ќерка и минатата година се омажи за четвртиот сопруг, колегата Берет Блејд.

„Добивам толку многу пораки што не можам да одговорам… исто така, не сакам да го истурам шампањот“, напиша таа на Твитер во четвртокот, откако Трамп беше изведен пред суд во Њујорк.

Додека пиеше шампањ, нејзините адвокати зазедоа потрезен став.

„Обвинението против Доналд Трамп не е причина за радост“, се наведува во соопштението. „Претстои напорната работа и совесност на судската порота. Сега нека надвладеат вистината и правдата“.

Извор: Ал џезира

Зачлени се на нашиот е-билтен