Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Треба да прифатиме дека сите сме виновни за поразот од различен агол

„Треба да прифатиме дека сите сме виновни за поразот од различен агол, но дека треба да престанеме да си ја прфрламе вината еден на друг“, рече Венко Филипче во говорот на Конгресот пред делегатите.

Продолжувајќи со самокритика тој истакна дека партијата не смеела да дозволи ЕУ интеграциите да бидат единствената политика на која ќе се посвети партиското раководство и „тоа да биде оправдување за неиспорачување на некои значајни очекувања на граѓаните во областа на внатрешните прашања онака како што ветувавме и се обврзавме на претходните избори“.

„Дозволивме едно од најчуствителните прашања да се преклопи со се добро што направивме за граѓните во стопанството, за економиојатра, за пензионерите, за социјалните категории, за јавното здравство“, нагласи Филипче.

Филипче не остана должен и со критики кон односот кон коалицискиот партнер за кој рече дека биле „сервилни“ и кои ја злоупотребиле нивната доверба.

„Не се справивме докрај со криминалот и корупцијата на нашите претходници, туку за жал и некои функционери од нашите влади со задовоолство прифатија лоши навики кои претходната влада ги остави во наследство“. рече Венко Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен