Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Пакистат примирје меѓу Шиитите и Сунитите

Пакистанската Влада денеска соопшти дека е постигнато седумдневни примирје помеѓу шиитите и сунитите во северозападниот дел на земјата, каде во судирите загина најмалку 68 луѓе.

Министерот за информации во пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва и портпарол на Владата, Мухамед Али Саиф изјавија дека шиитските и сунитските лидери се согласиле привремено да ги запрат нападите.

Владина делегација вчера пристигна во градот Парачинар, во областа Курам каде се сретна со лидерите на шиитите и сунитите.

Најновите судири почнаа на 21 ноември, по нападот врз конвој со цивилни возила, при што загинаа претежно шиити, што предизвика одмазднички напади врз сунитските жители во областа Курам.

Шиитските муслимани сочинуваат околу 15 отсто од 240-милионското население во мнозинскиот сунитски Пакистан, кој има историја на верско непријателство меѓу шиитите и сунитите.

Десетици сунитски и шиитски припадници загинаа од јули, поради спор околу земјиштето во Курам, кој подоцна доби религиозна димензија.

Зачлени се на нашиот е-билтен