Блумберг: Македонските фабрики за авто делови на удар заради кризата во германската авто-идустрија

Кризата во автомобилскиот сектор во Европа со последните најави за отпуштања во „Форд“ (Ford), како и ризикот на „Фолксваген“ (Volkswagen) од масовни штрајкови, како и најавите на концернот за затворање на фабрики во Германија, влијае и на работата на македонските фабрики за авто делови, пишува денеска Блумберг.

Во текстот на специјализираниот портал за бизнис со наслов Стравувањата за намалени нарачки почнаа да се остваруваат, Огнен Цубалевски, директор на фабриката на „ОДВ Електрик“ во Македонија, наведува дека кај некои фабрики во земјава падот на нарачките е и 30 проценти.

„Бидејќи ефектот на тоа што се случува во Европа доаѓа со мало задоцнување во локалните добавувачи на големите автомобилски производители, она што го кажав пред месец и половина, за жал почна да се остварува, и ние сме веќе соочени со намалени нарачки“, изјави Цубалевски, којшто ја предводи фабриката на германскиот производител на кабли и други компоненти во земјава за Блумберг.

Зачлени се на нашиот е-билтен